Во име на прерано починатиот Оливер Соколов – Сокол, здружението на граѓани за подготовка и организирање на меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, заедно со жителите на Карпош 1 ќе го обноват меморијалниот турнир кој ќе се одржи на игралиштето „Сокол“ во склоп на О.У. „Христијан Тодоровски Карпош“.

Турнирот традиционално се одржуваше 16 години под покровителство на жителите на Карпош 1 и Општина Карпош.

Оливер Соколов – Сокол е еден од основачите и водачи на навивачката група Комити. Тој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 18.08.1994 година.

Овој турнир стана синоним за сите турнири во нашата држава и од година во година беше, е и ќе остане најдобаро организиран и најпосетуван турнир во мал фудбал со амбиција конечно да прерасне во меѓународен турнир.