Трошоците за церемонијата на отворањето и на затворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2020 во Токио, пораснаа за 40 насто од првичните пресметки, соопштија организаторите на Игрите.

Извршниот директор на ЛОИ, Тоширо Муто, соопшти дека трошоците ќе изнесуваат околу 118 милиони долари, а не 82 млн., колку што беа процените во 2013-та. Но, Муто додаде дека и покрај зголемувањето на тие трошоци, вкупниот фонд од околу 5,5 милијарди долари за таа намена ќе остане непроменет, бидејќи постои резервен фонд наменет токму за вакви непредвидени трошоци.

Процените се дека главниот град на Јапонија, Токио, ќе потроши најмалку 20 милијарди долари за подготовките на ЛОИ, пари, кои главно ќе бидат обезбедени од државни фондови.