Организаторите на Летните олимписки и Параолимписки игри (ЛОИ и ПОИ) в година во Токио за спортистите ќе обезбедат кревети направени од картон. Јапонската компанија за кревети и други слични производи, „Ервејв“ за олимпијците ќе изработи 18.000 кревети од „лесен картон со голема издржливост“ опремени со душеци од полиетилен.

Дизајнот за олимпијците и дополнителни 8.000 кревети за параолимпијците малку ќе се разликуваат. Такаши Китајима, задолжен за олимпиското село, за медиумите изјави дека целта е со картонските кревети на спортистите да им се обезбеди удобност, а истовремено да се обезбеди и одржливост, една од главните цели и теми на Игрите следното лето. Креветите ќе се рециклираат во производи од хартија по Игрите, а компонентите од душекот ќе се рециклираат во нови пластични производи. Првпат во историјата на ЛОИ и ПОИ сите кревети и постелнините ќе бидат направени речиси целосно од обновливи материјали. Рамките за креветите може да издржат и до 200 кг.