Женскиот одбојкарски клуб „Јанта волеј“ од Кисела Вода, изминатиот викенд, на домашен терен триумфираше над екипата на „Работнички“ – Скопје.

Одбојкарките на „Јанта волеј“ со резултат од 3:2 (25:18, 25:22, 20:25, 21:25, 15:12), останаа единствените непоразени во групата Б, во првата женска одбојкарска лига.

По завршувањето на првата и втората натпреварувачка фаза, големи се шансите „Јанта волеј“ да игра за титула во Супер лигата.