Првата ѕвезда на МЛБ-лигата, Мајк Траут, го потпиша највредниот договор во историјата на бејзболот, а со тоа се соборени сите досегашни рекорди што се однесуваат на висината на договорите на спортистите, не сметајќи ги тука договорите на фудбалерите. Траут ќе добие 430 милиони долари од Лос Анџелес ејнџелс, а за возврат во наредните 12 години ќе го носи дресот на овој тим.

Годишната плата на 27-годишниот Американец, кој двапати досега бил избран за најдобар (МВП) играч, ќе изнесува 35,8 милиони долари. Досегашниот рекорд по платеност го држеше боксерот Канел Алварез, кој со сервис за пренос имаше петгодишен договор за 11 борби, за кој доби договор вреден 365 милиони долари. Претходниот рекорд во бејзболот го држеше Брус Харпер, кој со Филаделфија потпиша договор на 13 сезони, вреден 330 милиони долари.