Новак Ѓоковиќ од понеделникот одново е светски тенисер број 1, но српскиот тенисер ќе биде прв на листата на АТП и на крајот од годинава. Тоа ќе биде петти пат како Ѓоковиќ една година ја завршува како најдобар во светот (претходно и во 2011, 2012, 2014 и 2015), со што се израмни со Американецот Џими Конорс и со Швајцарецот Роже Федерер. На оваа листа водечки е Американецот Пит Сампрас со шест години како прв на АТП-листата.