На Водно викендов ридско-брзински автомобилски трки

На планината Водно крај Скопје на 10 и 11 ноември ќе се одржи ридско – брзински натпревар во автомобилизам, кој се бодува за шампионатот на Македонија „ВОДНО II“ 2018 – Ослободување на Град Скопје – 13ти ноември.

-Одржувањето на натпреварот кој се поклопува со временскиот период на прославата по повод државниот празник 13 ноември, Ослободување на Градот Скопје, секако има дополнителна симболика и значење. Автомобилистичкиот спорт привлекува голем број на посетители, а нашата заложба е во врска со овие активности да бидат информирани и вклучени што е можно повеќе чинители, со што дополнително би се подигнало нивото и реномето на овој натпревар и воопшто на автомобилистичкиот спорт во Република Македонија, соопшти организаторт.

За утре е во 12:30 часот е закажан официјалниот тренинг, а в недела трките почнуваат во 11 часот.

Возилата по тренингот остануваат во „Парк Ферме“ – затворениот паркинг пред Хотел Средно Водно.

Патека ќе биде затворена за сообраќај од 10:00 часот за време на одржување на тренинзите (сабота) и од 09:00 часот за време на одржување на натпреварите (недела).