Македонскиот репрезентативец Лука Божиновски (20) го освои 49-то место во велеслалом на Светското првенство (СП) во алпско скијање во Оре (Шведска), а во слаломот Антонио Ристевски вчера не ја заврши првата финална трка. За Божиновски ова е најдобар пласман на светските првенства.

Тој дебитира во 2015-та на Мундијалот во Вејл, САД, со 85-то место во велеслалом. Две години подоцна на СП во Сент Мориц (Швајцарија) не ги заврши трките во слалом и во велеслалом. Нов светски шампион во велеслалом е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен (24), пред Австриецот Марсел Хиршер и Французинот Алексис Пинтуро. Синоќа се возеше втората финална трка во слалом.

Пред вчерашната последна трка на СП 2019, на табелата со златни медали водеа Норвешка, Швајцарија и САД со по две златни одличја. Поединечно најмногу први места, две, има Американката Микаела Шифрин (супервелеслалом и слалом), а таа има и една бронза (велеслалом).