Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се Ристо Таков (борење), Сашко Арсовски (карате), Владимир Радиќ (ракомет) и Стеван Гешовски (кошарка)

Добитник на државната награда „8 септември“ за животно дело од областа на спортот е Таки Џиков, објави Агенцијата за млади и за спорт (АМС). Добитници на наградите за посебни остварувања во спортот се Ристо Таков (борење), Сашко Арсовски (карате), Владимир Радиќ (ракомет) и Стеван Гешовски (кошарка).

– Доделувањето на наградите „8 септември“ се одржува седма година по ред и ги вреднува постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија. И годинава се доделуваат четири награди за врвни спортски остварувања и една награда за животно дело од областа на спортот – рече Дарко Каевски, директорот на АМС.

Џиков е освојувач на петто и седмо место на младински европски шампионати 1975, 1977, сениорско европско првенство, 1979 трето место, шесто место на Олимписки игри 1980, Медитерански игри Сплит во 1979 прво место и огромен број остварувања на клупски и на екипен план.