Жозе Мурињо два пати во кариерата ја освоил Лигата на шампионите, со Порто и со Интер. Искусниот тренер проговорил за вечерашното финале помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

Португалскиот тренер не сакал да го прогнозира конечниот исход, туку истакнал кои играчи би требало да бидат клучни вечерва од 21 часот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

– Кога би требало да изберам еде од Ливерпул тоа би бил Ван Дајк. За Тотенхем кои до финалето дојдоа без Хари Кејн, би рекол дека тоа би требало да биде Ериксен – рекол Мурињо.

Португалскиот тренер истакнал дека Ван Дајк би можел да биде тој играч кај Ливерпул што ќе направи разлика на теренот, додека евентуалниот успех на Тотенхем во „своите раце“ го има Данецот Ериксен.