Италијанскиот град Милано и шведската престолнина Стокхолм ги доставија своите апликации за организација на зимските Олимписките игри во 2026 година.

Претендентите своите кандидатури ги официјализираа на состанокот на Интернационалниот олимписки комитет во Токио.

Домаќинот ќе биде избран во јуни следната година во Лозана.

За потсетување, првично имаше многу повеќе апликанти, но канадски Калгари, швајцарски Сион и австриски Грац не добија поддршка во нивните земји, а организацискиот комитет на јапонски Сапоро одлучи да се фокусира на кандидатурата за 2030 година.