Македонската ракометна репрезентација ја победи Грузија со 25:21 (12:12) во првиот од двата пријателски мечеви одиграни во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. 

За тимот на селекторот Данило Брестовац ова е трет позитивен резултат по победата над Турција и ремито со Италија, а утре во 16 часот е вториот дуел со репрезентацијата на Грузија. 

Ова беше дуел во кој не играше капитенот Кирил Лазаров, кој остана на клупата, а шанса добија Манасков, Кузмановски, Талески и Пешевски.  

Македонија на почетокот имаше добро водство од 7:2, но на крајот на првото полувреме Грузија израмни на 12:12. Во второто полувреме Македонија успеа да израмни да се одвои до +2, за на крајот од мечот да стигне до конечен резултат од 25:12. 

Пешевски, Велковски и Поповски беа најдобри наши стрелци со по четири постигнати гола, додека голманот Борко Ристовски имаше 15 одбрани на голот.