Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Турција со 0-3 (20-25, 23-25, 13-25) во второто коло на Европското првенство во Љубљана (Словенија).

Во првото коло Македонија загуби од Финска со 1-3. Црвено-жолтите утре треба да го играат мечот од третото коло, против актуелниот европски првак Русија, од 17.30 часот во арена „Стожице“.

По два меча Македонија е без бодови, како и Белорусија од еден натпревар. Турција има три бода од две средби, колку што имаат и Словенија, Русија и Финска од по еден меч, со тоа што Русија и Белорусија играат од 20.30 часот.