Шесткратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон потврди дека ќе донира 500.000 долари за помош на жртвите од огромните пожари кои подолго време ја мачат Австралија.

– Ме растажува помислата дека над милијарда животни во Австралија умреа со болна смрт, без никаква вина. Мојата љубов кон животните не е тајна. Имав среќа честопати да ја посетувам Австралија и ја знам убавината на земјата. Зборував со некои луѓе кои работеа во борбата со огнот и сакам да помогнам и да направам мала промена. Ќе донирам 500 илјади долари и ако сте способни можете да го направите истото и вие – напиша Хамилтон на Инстаграм.

Пожарите во Австралија оваа година почнаа порано од очекуваното по тригодишната суша, и по катастрофата илјадници луѓе останаа без дом, а има и околу 20-тина загинати.