Американската скијачка Линдзи Вон ќе пропушти две омилени трки во Лејк Луис идната недела, поради повреда. Во канадскиот скијачки центар на програмата се трките во Светскиот куп (СК), во спуст и во супервелеслалом, дисциплини што се специјалност на Вон, која сезонава сака да го стигне легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк во бројот на победи во СК. Стенмарк има 86, Вон има 82.