Фото: Дарко Андоновски

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира на главниот турнир во Истанбул, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 25.000 долари, откако во квалификацискиот меч ја победи Гергана Топалова од Бугарија со 6-4, 6-2. Таа ќе настапи и во игра на двојки (заедно со Екатерина Јашина од Русија ќе бидат втори носителки) и веќе се пласира во четврт-финалето, без игра.

Според специјализираните интернет-страници за пресметка на пласман на ВТА-листата во живо, Ѓорческа со влезот на главниот турнир веќе освои нови поени и на листата за вчера попладне напредна за 13 места, па е 393-та (на официјалната листа на ВТА Ѓорческа е 406-та). Во двојки, пак, Ѓорческа скокна седум скалила и е на 208-то место (официјално е 215-та).

Викендов Ѓорческа го освои 50-от трофеј во кариерата, откако славеше на турнирот во Анталија, во двојки.