Тони Лазов

Лазов, кој игра во категоријата до 18 години, има 3,5 поени и е 23-ти меѓу 98 шахисти (играат седум ВМ, 17 интернационални мајстори, 31 ФМ), освои нови 11,6 рејтинг-поени, што е засега одлично остварување

Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Тони Лазов (2.292 рејтинг-поени, рангиран 47-ми) е најдобропласираниот Македонец по 5-то коло на Светското првенство (СП) во шах за млади, кое се одржува во Порто Карас, Грција, во 11 кола.
Лазов, кој игра во категоријата до 18 години, со 3,5 поени (три победи, по едно реми и пораз), моментно е на 23-то место меѓу 98 шахисти (играат седум ВМ, 17 интернационални мајстори, 31 ФМ) и со нови 11,6 рејтинг-поени, што е засега одлично остварување.

Кристијан Велковски (1.887, 99-рангиран), со 1,5 поен, е на 105-то место, од 120 учесници во категоријата до 16 години. Емил Ристески (2.120, рангиран 48-ми) моментно е 81-ви, меѓу 137 шахисти, во категоријата до 14 години со 2,5 поени, колку што има и Матеј Звездакоски (1.730, рангиран 112-ти), кој е на 76-то место.

Во женска конкуренција (категорија до 18 години), Ивана Манова (1.951, рангирана 40-та меѓу 83 шахистки), со 2,5 поени е на 48-то место. Леа Ефтовска (1.380, рангирана 85-та меѓу 90 учеснички до 16 години), со половина поен е на 89-то место, додека во категоријата до 14 години Михаела Зрмановска (1.354, рангирана 94-та од 107), со 1,5 поен, моментно е на 95-то место.

На Мундијалот има вкупно 635 учесници од 79 држави (осум ВМ, 2 ЖВМ, 29 ИМ, 17 ЖИМ, 105 ФМ, 50 ЖФМ), што доволно говори за неговата силина.