Федерацијата на коњички спортови на Македонија викендов го организира меѓународниот турнир „Скопје 2018“- меморијален куп „Д-р Јосиф Наумовски“ на терените во Хиподром. Ќе учествуваат натпреварувачи од повеќе земји, меѓу нив и македонскиот претставник Лука Заложник, олимпиец за ЛОИ 2020. Предвидени се шест натпревари, според меѓународните стандарди, во прескокнување пречки во височина од еден до 1,3 метар.