Во мини-анкетата на весникот „Нова Македонија“, спроведена пред почетокот на Светското првенство (СП) во фудбал во Русија, во која учествуваа 22 спортисти, тренери и спортски работници од 13 спорта (фудбал, ракомет, кошарка, куглање, пливање, борење, шах, карате, кајак, бокс, скијање, кикбокс, стрелаштво) и еден претставник од Македонскиот олимписки комитет (МОК), единствен што точно прогнозира дека Франција ќе биде нов светски првак беше кугларот на Макпетрол и на македонската репрезентација Виктор Николовски. Од другите, најблиску до погодок беше поранешниот фудбалски голман, подоцна куглар и тренер Драги Димитровски, кој типуваше на Хрватска. Од анкетираните, никој не го даде гласот за Белгија и за Англија, третопласираната, односно четвртопласираната репрезентација на СП во Русија.

Во мини-анкетата учествуваа Елена Ѓорѓиевска (ракомет), Гоце Георгиевски (ракомет), Горазд Михаилов (фудбал), Филип Панчевски (шах), Мартин Несторовски (карате), Бранимир Јовановски (стрелаштво), Атанас Николовски (кајак), Сашо Поповски (МОК), Андријана Јаневска (шах), Петар Поп-Ацев (пливање), Антонио Ристовски (скијање), Чедо Николовски (борење), Филип Лазаров (ракомет), Илија Младеновски (бокс), Примислав Димовски (бокс), Иван Денковски (шах), Славица Наков (кошарка), Александра Неделковска (кикбокс), Владимир Глигоров (ракомет), Драган Мутибариќ (фудбал), Виктор Николовски (куглање) и Драги Димитровски (куглање).

Виктор Николовски