Викендов, во организација на клубот за боречки вештини ДАН-КЈУ од Скопје, се одржа 10-от традиционален меѓународен турнир „Скопје опен 2019“, во спортската сала на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Скопје. На турнирот учествуваа 220 борци, од 20 клуба, од осум држави. Најдобар клуб во генерален пласман е џиуџицу-клубот Централ полис клуб од Бургас, Бугарија, второпласиран е Паунд фор паунд од Битола, а на третата позиција заврши црногорскиот клуб „Будва“. Како најдобар во машка конкуренција турнирот го заврши Лука Трниниќ од Будва, а како најдобар женски борец Катерина Ацевска, која забележа четири победи во исто толку борби, од кои три со фул ипони и една службено.