По неодамнешната најава на претседателот на ИОК, Томас Бах, на петтата светска конференција за допинг во спортот, Извршниот одбор на ИОК одобри буџет од пет милиони долари за 10-годишно складирање до 22.000 примероци собрани пред ЛОИ 2020, објави ИОК. Светскиот антидопинг-законик овозможува реанализа на примероците од спортистите во рок од 10 години од денот на собирањето, пишува ИОК. Методологиите за анализа се развиваат со времето, со што се овозможува зголемено откривање забранети супстанции.