Организацискиот комитет на Зимските олимписки игри годинава во Пјонгчанг (Јужна Кореја) објавија дека имаат барем 55 милиони долари профит, прикажувајќи го финансискиот извештај на 133-та сесија на Меѓународниот олимписки комитет. ЗОИ имале вкупен приход од 2,245 милијарди долари, а трошоците биле 2,190 милијарди. Профитот ќе биде вложен во спортски развој и други сродни активности во Јужна Кореја.