Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ доби статуа пред стадионот во родниот град Малме.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси денеска свечено ќе ја окрие бронзената статуа со својот лик, која е висока 2,7 метра и тешка 500 килограми.

Статуата ќе се наоѓа пред стадионот на ФК Малме, клубот каде што Ибрахимовиќ ја почна кариерата, која подоцна ја продолжи во Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

„Многу сум среќен поради местото на кое ќе биде поставена статуата. Тоа беше мојата желба уште на почетокот. Од Малме тргнав и моето срце е таму“, изјави Ибрахимовиќ.

Тој со 62 гола е рекордер за репрезентацијата на Шведска за која одигра 116 натпревари.