Сегашниот тим на Манчестер Сити ќе биде најдобар во историјата на фудбалот, ако освои четири трофеи во рамките на една сезона, изјави играчот за врска на шампионите – Кевин Де Бруин. Во првенството, Сити е на бод од лидерот Ливерпул, во Лигата на Шампионите игра против Шалке, тимот е во четвртфиналето на ФА Купот, а вчера го освои Лига Купот против Челзи по изведувањето на пенали.

Запрашан во интервју за „Скај Спортс“ дали Сити може да освои четири трофеи, Белгиецот одговори: „Ќе се обидеме да освоиме што е можно повеќе од овие трофеи. Ако сакаш да бидеш сметан за најдобар тим во историјата, треба да го направиш тоа, бидејќи порано не се случило. Сепак, ние не размислуваме многу за такви работи“.

Според Де Бруин, тие треба да продолжат да освојуваат натпревари.

– Ако сепак кренеме три трофеи и играме финале во Лигата на шампионите, тогаш веќе можеме да зборуваме за четврти. Пред тоа – нема шанси! – додаде Де Бруин.