СДСМ кaко политички субјект којшто ги следи модерните трендови и практиката на државите од Европската унија, одлучи наредниот период да ги започне сите процеси и активности за официјализирање на електронскиот спорт т.е. гејмингот како официјална категорија спорт, истакна Ѓорги Тасев, посебниот советник за млади и спорт на премиерот на трибината на СДСМ „Агенда спорт 20-24“.

Токму ИТ секторот, дигиталниот свет, сајбер просторот, додаде тој, оставаат можности за ширење на електронскиот спорт.

Тасев потенцираше дека на ова ќе претстои широка дебата, вклучување на сите гејмери и заинтересирани страни со цел да се даде еден поинаков правец во развој на државата, како на економски, така и на спортски план.

– Спортот е глобален феномен кој го трансформира учесникот од пасивен гледач во активен играч и во моментов не постојат граници кои ќе запрат неговиот развој – истакна Тасев.