ФУДБАЛ

Во три од најсилните европски фудбалски лиги, во англиската Премиер-лига, во германската Бундес-лига и во француската Лига 1, од сабота почнува зимскиот преоден рок и ќе трае до 1 февруари 2021 година. Два дена подоцна ќе почне преодниот рок за тимовите од италијанската Серија А и од шпанската Ла лига, исто така, до 1 февруари. Во тие триесетина дена тимовите ќе можат да купуваат и да продаваат, да земаат и да даваат играчи на заем, во Европа и во светот. Засега, нема најави за некои поспектакуларни зделки, но не треба да се исклучат изненадувањата.