Фото: Зоран Антоски

Денес на патеката во Кичево се одржа вториот натпревар од шампионатот во автомобилизам на кружни патеки Кичево 2-2018. На патеката се појавија 20 возачи поделени во пет класи. Во класа еден до 1150 кубни сантиметри, на стартот се појавија шест возила а првите три места ги освоија Ѓорѓи Наков од АКК Никола Карев, второто место му припадна на Филип Василевски од истиот клуб, а како трет низ целта мина Сашко Георгиевски од АКК Кастом Кар Реисинг Тим.

Во класа два имавме двајца возачи од кои едниот поради дефект не ја заврши трката, а единствениот пласман го бележиме на Мартин Делев од АКК Кастом Кар.

Во класа три за возачи до 1600 кубни сантиметри, на стартот се појавија шест возаила а првите три места ги освоија Орхан Ахмед од АКК Авто Клиника, кој се искачи највисоко на пиедесталот,второто место му припадна на Филип Џуклески од АКК Никола Карев, а како трет низ целта мина членот на АКК Авто Клиника, Благоја Димитроски.

Во класа 4 до 2000 сантиметри кубни, стартуваа шест возила, а првите три места  ги освоија Давид Малинковски од АКК Кастом Кар Реисинг Тим, Марко Мишевски од АКК Никола Карев и Југослав Милошевски од истиот клуб.

Во најсилната класа над 2000 сантиметри кубни  учествуваше само еден возач а, тоа беше Ненислав Петковиќ од АКК Никола Карев.

Возачите во сите трки финишираа по извозени 20 кругови. Како што не информираа од АФМ, дел од клубовите не биле присутни на вториот кружен натпревар од причина што се фокусирале кон третиот брзински натпревар што на 7 и 8 октомври ќе се вози во Скопје  а пласманите од овој натпревар ќе се бодуваат и во рамките на ЦЕЗ. Технички организатор на вториот кружен натпревар беше АКК Кастом Кар Реисинг Тим од Скопје.

До крајот на годинешниот Шампионат преостануваат уште два натпревари и двата ќе се возат на скопските булевари во текот  на октомври.

Зоран Антоски Кичево