Со 10-годишно задоцнување пензионираната британска седмобојка Кели Сотертон ќе го добие бронзениот медал од ЛОИ во Пекинг во 2008 година. Таа на тие ЛОИ беше петта, но во меѓувреме поради допинг дисквалификувани се две атлетичарки што беа пред неа пласирани. Ова е вторпат со задоцнување таа да прима медал, по, исто така, бронзениот за штафетната трка. Таа има бронза и од седмобојот на ЛОИ 2004.