Екипата на Шутова во пријателски меѓународен натпревар го совладаа еден од најдобрите одбојкарски клубови во Албанија, Партизан, со 3-1. Домаќините добро го започнаа натпреварот и првиот сет го решија во своја корист. Потоа гостите со подобра игра вториот сет го решија во своја корист и израмнија на 1-1. Третиот сет беше највозбудлив, во кој домаќините го решија со разлика 31-29. Четвртиот и последен сет убедливо им припадна на домаќините 25 -17, за севкупен триумф од     3-1. Во домашната екипа брилјираше бразилецот Маркос Винициус, а солидна игра прикажа и украинецот Станислав Азаров. Во салата во населба Иванидол беа присутни околу 300 гледачи. Во четврток се игра првенствениот натпревар со Весна Пробиштип, каде кичевци се домаќини.