Со 25-та трка во Мелбурн в година, на 15 март, ќе почне новата сезона во Формула 1 и прославата на 70-годишнината на Формула 1. Овој датум беше објавен без дополнителни детали за календарот. Претходно од Ф1 веќе рекоа дека ќе има две нови трки идната година, со враќање на големата награда на Холандија во Зандворт и нова трка во виетнамската престолнина Ханој, а вкупниот број трки в година треба да биде 21, пишува Би-би-си.