Организаторите на ЛОИ 2020 во Токио ќе организираат дополнителна лотарија за влезници во август, главно за тие апликанти што не добиле ниту една влезница во првата, на 20 јуни. Од организацискиот комитет најавуваат и трета лотарија наесен. Повеќе од 7,5 милиони жители на Јапонија учествувале во првата лотарија, а вкупно сајтот за апликации го посетиле 24,25 милиони луѓе. Според најавите, вкупно има околу 7,8 милиони влезници за ЛОИ 2020.