Алпската скијачка Линдзи Вон (33) потврди дека ќе се пензионира на крајот од новата сезона, која треба да почне за десетина дена. Таа рече дека ќе се повлече од натпреварувањето дури и ако не успее да го собори рекордот на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк од 86 победи во Светскиот куп (Вон засега има 82). Американката е повеќекратна олимписка медалистка, годинава на ЗОИ освои бронза во спуст и стана највозрасната олимпијка со медал во алпско скијање.