Светскиот куп во сноуборд продолжува викендов со необичен натпревар на олимпискиот стадион во Пекинг, „Птичјо гнездо“. Главниот град на Кина е постојано место за натпревар во сноуборд од 2010 година. Од денеска на специјалната платформа изградена на стадионот ќе се одржуваат натпреварите во т.н. ер едн стајл, а тоа ќе биде трет натпревар сезонава, по тие во Кардона (Нов Зеланд) и во Модена (Италија).