Британскиот боксер Рони Кларк го стави на продажба шампионскиот појас на eBay. Тој претходно го освоил европскиот шампионски појас во верзијата ИБФ – втора полулесна категорија. Почетната цена на појасот е 1.050 фунти. Шкотланѓанецот на ваков чекор се решил бидејќи немал пари да купи подарок за својот син за Божик.

Кларк посочи дека е подготвен да стави автограм на појасот, а исто така, доколку е потребно, да го испорача на купувачот лично.