Лука Божиновски обезбеди пласман во денешната финална трка во велеслалом на Светското првенство (СП) во алпско скијање во Оре, Шведска, откако се најде на делба на 44-та позиција со Украинецот Иван Кобашјук (вкупно време 2:19,67 минути) во квалификациите.

Во денешниот велеслалом директен пласман обезбедија 50 најдобри скијачи на ФИС-листата, првите 25 во квалификациите, како и уште 25, меѓу нив и Божиновски, од земја што нема претставник меѓу најдобрите. Од преостанатите тројца македонски скијачи на СП, Дардан Дехари, го освои 66-то место (2:23,13 минути), а Виктор Петков на 85-то (2:28,09). Антонио Ристевски не стигна на целта во првото возење. Македонските скијачи на СП ги очекува и настапат на саботната квалификациска трка во слалом.