Владата на Република Македонија донесе одлука да му додели 30 милиони денари на ракометниот клуб „Вардар“ за освоената титула Европски шампион во ракомет.

Владата исто така ќе му додели еден милион денари на младиот спортист Бесир Алили за европската шампионска титула во борење во категоријата кадети, а 300 илјади денари ќе добие и неговиот тренер.