По 33-годишна пауза од авто-мото спортот, „Алфа Ромео“ се враќа во Формула 1, ребрендирајќи го името на Заубер, кому лани му беше главен спонзор.
„Алфа Ромео“ е ден од пионерите во Ф1 и ги има освоено првите две титули светски првак, со Италијанецот Џузепе Фарина и со Аргентинецот Хуан Мануел Фанџо зад воланот.

За новиот тим на „Алфа Ромео“, кој ќе ги користи моторите на „Ферари“, сезонава ќе возат Кими Раиконен и Антонио Џованези.