Момент од мечот Алкалоид - БМ Кисела Вода

По 2-то коло, бранителот на титулата Алкалоид е во водство поради подобриот вкупен скор по табли (9)

Фаворитите за највисок пласман, Алкалоид и Гамбит Асеко Сее, остварија нови победи во 2-то коло на 27-то Екипно првенство на Македонија во шах, кое во седум кола, во конкуренција на осум екипи (на по шест табли), се игра во Струга. Алкалоид, кој е актуелен првак на Македонија, а вицепрвак на Европа, го победи повратникот во македонскиот шах, БМ Кисела Вода, со 4,5-1,5, додека Гамбит Асеко СЕЕ минимално со 3,5-2,5 славеше над Гостивар. Во преостанатите два меча, Центар го совлада 4 Ноември со 4-2, додека Прилеп беше поуспешен од Гостивар со 3,5-2,5.

Во 1-то коло најголемото поединечно изненадување го направи првакот на Македонија до 14 години, Емил Ристески (Центар), кој го совлада искусниот велемајстор Роландо Кутиров (БМ Кисела Вода) на првата табла.
Во 1-то коло, пак, Прилеп го победи 4 Ноември со 5-1, Карпош загуби од Гамбит Асеко СЕЕ со 1-5, Алкалоид беше поуспешен од Гостивар со 4,1-1,5, а БМ Кисела Вода подобра од Центар со 5-1.
По 2-то коло води Алкалоид, со четири бода (девет по табли), пред Прилеп и Гамбит Асеко Сее, кои исто така имаат четири бода, но со по 8,5 поединечни. Следуваат БМ Кисела Вода со два (6,5), колку што има и Центар (5), а без бодови се Гостивар (4), Карпош (3,5) и 4 Ноември (3).


Резултати 2. коло

4. НОЕМВРИ – ЦЕНТАР 2-4
(Ј. Стојчевски (2123) – Ристевски (2.081) 0-1, М. Илиќ (2.123) – Велјановски (1.906) 0-1, Атанасов (1.996) – Јовчев (1.711) 0-1, Костадиновски (1.848) – Златков (1.788) 1-0, Димов – Манова (1.809) реми, Атанасовски – Лазаров (1.079) реми).
Алкалоид – БМ Кисела Вода 4,5-1,5
ВМ Андрејкин (2.710) – ВМ Кутиров (2.323) 1-0, ВМ Недев (2.502) – ИМ Стаменков (2.316) 1-0, ИМ Панчевски (2.489) – ФМ З. Илиќ (2295) реми, ВМ Станојоски (2.451) – Симјановски (2.254) реми, ИМ Стојановски (2.431) – ФМ Биљаниќ (2.224) 1-0, ВМ Богдановски (2.391) – ФМ Петковски (2.092) реми
ГАМБИТ АСЕКО СЕЕ – ГОСТИВАР 3,5-2,5
ИМ Николовски (2.394) – ИМ Сарачи (2.412) реми, ИМ Данчевски (2.351) – ИМ Дрновшек (2.410) – 0-1, ИМ Подлесник (2.361) – ФМ Стефановски (2.279) реми, ФМ З. Стојчевски (2.337) – ФМ Јовиќ (2.259) 1-0, ФМ Динев (2.292) – Садики (2.187) реми, ФМ Андоновски (2.263) – Стојкоски (2.127) 1-0.
ПРИЛЕП – КАРПОШ 3.5 – 2,5
(ВМ Миљковиќ (2.478) – Главинац (2.120) 1-0, ИМ Златановиќ (2.378) – ФМ Качаковски (2.083) 1-0, ФМ Трајковски (2.328) – Петров (2.135) 0-1, Ѓорѓиески (2.133) – Раниќ (1.865) реми, Готовуша (2.162) – Јанков (1.970) 0-1, Николовски (2.128) – Темков (1.981) 0-1.


Јаковенко прворангиран на првенството

На Првенството на Македонија се пријавени вкупно 77 шахисти, од кои 11 се велемајстори (ВМ), 12 интернационални мајстори (ИМ) и 11 ФИДЕ-мајстори (ФМ). Од нив, 11 се странци (Србија 4, Русија 2, Украина 2, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Косово по еден), а 65 се македонски шахисти. Прворангиран е Русинот Дмитриј Јаковенко (2.748 рејтинг-поени), а уште тројца шахисти имаат рејтинг над 2.700 поени, Украинците Јури Криворучко (2.711) и Павел Ељанов (2.706) и Русинот Дмитри Андрејкин (2.710). Најдобро рангиран Македонец (петти) е ВМ Трајко Недев (2.502), сите од ШК Алкалоид. Лани, пак, настапија шест клуба со вкупно 51 шахист (9 ВМ, 6 ИМ, 10 ФМ) од седум држави, а се играа пет кола. Победи Алкалоид со 10 бода (27 по табли), втор беше Гамбит Асеко СЕЕ со 8 (21), а трет Гостивар со 6 (14,5).