Шпанија и Бразил водат со по три олимписки репрезентации

29

Шпанија и Бразил, на помалку од една година до почетокот на Летните олимписки игри (ЛОИ) в година во Јапонија, имаат најмногу, по три репрезентации во пет од големите екипни спортови со обезбеден настап на Игрите, низ разни квалификациски натпревари. Јапонија ќе биде застапена во сите спортови, како домаќин на ЛОИ.
Шпанија ќе има селекции во ватерполо за мажи и за жени и во фудбал за мажи, а Бразил засега во фудбал, одбојка и ракомет, сите во женска конкуренција. Барем по две репрезентации на ЛОИ ќе имаат Франција (фудбал мажи, ракомет жени), Србија (ватерполо мажи, одбојка жени), Италија (ватерполо мажи, одбојка жени), Австралија (ватерполо мажи и жени) и САД (одбојка и ватерполо жени).

Засега по една репрезентација на ЛОИ во некој од тие пет спорта имаат Данска, Аргентина, Ангола, Германија, Романија, Нов Зеланд, Велика Британија, Холандија, Шведска, Кина и Русија. Македонија е во игра за пласман на олимпискиот турнир во ракомет за мажи, прво со висок пласман на Европското првенство в година, со што репрезентацијата би се пласирала на квалификацискиот турнир за ЛОИ, третпат во низа.