Хамилтон триумфираше во Монако

60

Луис Хамилтон трет пат во кариерата победи на најпрестижната трка во шампионатот на Формула 1, Големата награда на Монако. Британецот победи пред Макс Ферстапен и Себастијан Фетел, меѓутоа поради казната од пет секунди што ја доби возачот на Ред Бул поредокот на крајот е Хамилтон, Фетел, Ботас. Трката низ улиците на Монте Карло е првата оваа сезона на која Мерцедес не забележа „еден-два“ победа.

Познато е дека возачот што ќе ја освои пол-позицијата во Монако најчесто победува. Така беше и на оваа трка, но победата на Хамилтон е импресивна бидејќи 58 круга возеше со меки гуми.

Британецот на половина од трката пријави дека има проблеми со левата предна гума, но и покрај тоа остана на патеката и не му дозволи на Ферстапен да ја загрози неговата позиција.

Во претпоследниот круг имаше контакт помеѓу Хамилтон и Ферстапен, кој стјуардите ќе г истражуваат.

-Да го видов дека е зад мене, го допре мојот заден пневматик од левата страна, но не беше ништо страшно- рече Хамилтон по трката.

За својата 77 победа во кариерата рече дека била извојувана на најтежок можен начин.

Ферстапен доби казна од пет секунди бидејќи во боксот малку го удри Валтери Ботас. Тој инцидент го искористи Себастија Фетел кој во конечниот пласман заврши на второто место.

Пјер Гасли беше петти, а бидејќи возачот на Торо Росо го возеше најбрзиот круг во трката (1:14.279 минути), тој освои дополнителен бод.

Наредната трка се вози на 7 јуни во Канада.