Хамилтон најбрз во „Монца“

51

Британецот Луис Хамилтон е победник на трката од шампионатот во Формула 1 возена попладнево за Големата награда на Италија на патеката „Монца“.

Возачот на Мерцедес до триумфот стигна во финишот на трката искористувајќи ги „истрошените“ пневматици на Кими Раиконен од Ферари кој мораше да му ја препушти првата позиција на ривалот.

За Хамилтон ова беше 68. победа во Светскиот шампиопнат со што направи уште еден чекор кон шампионскиот трофеј.

Од друга страна, Раиконен на успеа да ја прекине серијата од 109 трки без победа во Ф1, но го забележа 100-от подиум.

Третото место му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес.

Себастијан Фетел по пехот на стартот и судирот со Хамилтон, на крај успеа да стигне само до четвртата позиција, Макс Ферстапен од Ред Бул заврши на 5.место.

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 256 бода, пред Фетел со 224, Раиконен со 164, Ботас собра 159,….

Кај конструкторите води Мерцедес со 415, Ферари има 390, Ред Бул е трет со 248.