Хамилтон има 266 пати поголема плата од Албон

110

Најдобрите возачи во Формула 1 традиционално заработуваат многу пари, но само оние најдобрите.

Луис Хамилтон во кариерата веќе заработил 500 милиони евра само од клупските договори, тука не се сметаат спонзорските договори. Тој оваа година од Мерцедес ќе добие 40 милиони евра.

Платата што оваа година ќе ја добие Хамилтон е за 266 пати поголема од онаа на младиот возач на Торо Росо Алекс Албон.

Од платата не може да биде незадоволен ниту Себастијан Фетел, иако тој сезонава е далеку од вистинската форма. Германецот од Ферари ќе добие 35 милиони евра. Изнендуавчки трет на оваа листа е Даниел Рикардо, кој со Рено има договор вреден 31 милиони евра.

Платите на возачите во Формула 1 во 2019 година:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес) 40.000.000 евра
2. Себастијан Фетел (Ферари) 35.000.000 евра
3. Даниел Рикардо (Рено) 31.000.000 евра
4. Макс Ферстапен (Ред Бул) 11.500.000 евра
5. Валтери Ботас (Мерцедес) 7.500.000 евра
6. Кими Раиконен (Алфа Ромео) 4.000.000 евра
7. Нико Хулкенберг (Рено) 4.000.000 евра
8. Карлос Саинц (Мекларен) 3.500.000 евра
9. Шарл Леклер (Ферари) 2.900.000 евра
10. Серхио Перез (Рејсинг Поинт) 2.900.000 евра
11. Роман Грожан (Хас) 1.600.000 евра
12. Пјер Гасли (Ред Бул) 1.150.000 евра
13. Ленс Строл (Рејсинг Поинт) 1.000.000 евра
14. Кевин Магнусен (Хас) 1.000.000 евра
15. Роберт Кубица (Вилијамс) 500.000 евра
16.Данил Квјат (Торо Росо) 270.000 евра
17. Ландо Норис (Мекларен) 230.000 евра
18. Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) 200.000 евра
19. Џорџ Расел (Вилијамс) 160.000 евра
20. Алекс Албон (Торо Росо) 150.000 евра