Фрум ја нарече брутална патеката за Тур де Франс в година

26

Ова целосно ќе биде физички предизвик. Дури и рамни етапи ќе бидат многу тешки за чистите спринтери. Има стапици насекаде низ трасата, рече директорот на трката, Кристијан Прудом

Британецот Крис Фрум ја нарече брутална патеката за 107-то издание на Тур де Франс, откако возачите ќе се соочат со 29 планини на патеката од 3.470 километри со 21 етапа, што треба да почне во Ница на 27 јуни в година, пишува Би-би-си.
– Ќе се победи или ќе се изгуби на планините, но тоа ми одговара – рече Фрум за Би-би-си, кој има цел израмнување на рекордот со освојување на петтата титула.
Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин се петкратни победници на трката, а Фрум има една титула помалку со победите во 2013, 2015, 2016 и во 2017 година.

– Ова е навистина најтешката маршрута што сум ја видел во изминатите пет години. Постојат голем број можности за разврска на генералниот пласман и главните ривали да имаат тесна трка. Тоа е она што секој сака да го види – вели Фрум, кој ја пропушти трката околу Франција годинава по падот на трка во јуни.

Тур де Франс, кој почнува една недела порано поради Летните олимписки игри во Токио, има осум завршници на етапи на врвови, и најверојатно ќе ги фаворизира специјалистите за планински трки.

– Ова целосно ќе биде физички предизвик. Дури и таканаречените рамни фази ќе бидат многу тешки за чистите спринтери. Има стапици насекаде низ трасата – ја пренесе Би-би-си изјавата на директорот на трката Кристијан Прудом.

Дефинирачка карактеристика на Тур де Франс во 2020 година е вклучувањето на петте планински масиви во земјата, од кои на три, на Алпите, Масив Централ и на Пиринеите, се вози во првите осум дена. Дури и индивидуалната трка на хронометар пред крајот на трката ќе ги фаворизира специјалистите за планински трки, оти последните осум километри се нагорнина кон целта на врвот на планина.