Федерер се пласираше во полуфиналето на турнирот во Дубаи

129

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер е на две победи од освојувањето на 100-тата титула во кариерата, откако триумфираше над Унгарецот Матон Фучович со 7:6 (8), 6:4 во полуфиналето на турнирот во Дубаи.

Швајцарецот има големи проблеми да се справи со противниците на азиско тло, откако мораше да игра три сета против Филип Колшрајбер и Фернандо Вердаско во првите две кола.

Сепак тоа не се наметна во дуелот со Фучович, што во никој случај не значи дека во натпреварот немаше драма, откако во првиот сет, рекордерот по освоените Гренд-слем титули спаси 2 сет топки пред да го добие со 8:6 во тајбрејк.

Во вториот сет, Роџер направи брејк на почетокот и се чинеше дека брзо ќе ја заврши работата. Сепак, Фучович се врати и издржа до завршницата, кога Маестро повторно го доби на негов сервис и победи по речиси два часа игра.

Тој ќе се бори за финалето со победникот од дуелот помеѓу Борна Чориќ и Николоз Басилашвили.