Три медали за каратистите во Умаг

65
Вероника Костовска

Вчера на програмата беше третиот и последен натпреварувачки ден

Македонските каратисти освоија три медали по двата натпреварувачки дена на ВКФ-тренинг кампот (до 21 год.) и Купот (до 12 и до 21 год.), како и Карате 1 лигата за младинци, кој се одржа викендов во Умаг, Хрватска. Вчера на програмата беше третиот и последен натпреварувачки ден.

Со златен медал се закити Ангела Мојсовска (категоријата до 61 кг) на ВКФ-тренинг кампот (до 21 год.) и Купот (до 12 и до 21 год.). Таа забележа четири победи, а во финалето ја совлада со 4-1 Илма Рахмановиќ од БиХ. Второто злато го освои Вероника Костовска (до 61 кг) до 21 година на ВКФ-тренинг кампот и Купот (до 12 и до 21 год.) Таа забележа пет победи, а во финалето ја совлада со 2-1 Италијанката Џулија Анџелучи со 2-1.

Недим Шакири (до 40 кг) до14 години загуби во финалето со 0-3 од Украинецот Даниел Симоненко во Карате 1 младинската лига, со што го освои сребрениот медал по трите претходни победи. Солиден пласман остварија и Матеј Белистојаноски (до 45 кг) до 14 години во борби и јуниорот Александар Неделковски во кати во младинската лига, кои завршија на петтото место.

Карате 1 лигата за младинци е мошне значајна оти е критериум за влез во репрезентацијата за СП за кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 год.), а услов е пласман меѓу првите тројца. За место во репрезентацијата се бореа 43 каратисти, во конкуренција на 2.577 натпреварувачи од 70 држави.