Сто отсто рециклирани олимписки медали

90
За изработка на златните медали треба да се соберат 30,3 кг злато

Сите медали на Летните олимписки игри (ЛОИ) и на Параолимписките игри (ПО) в година во Токио ќе бидат направени од рециклиран електронски отпад, велат организаторите. Проектот почна во 2017 година, за да се собере доволно електронски отпад, вклучувајќи и стари паметни телефони и лаптопи, јави Би-би-си.

Целта беше да се соберат 30,3 килограми злато, 4.100 килограми сребро и 2.700 килограми бронза. Бронзата беше собрана минатиот јуни, а организаторите до октомври имаа повеќе од 90 проценти од златото и 85 отсто од среброто. Тие велат дека се на пат да стигнат до 100 проценти во март.

Рециклираниот метал е собран од јапонската јавност, како и од бизнисот и од индустријата. До ноември 2018 година беа собрани 47.488 тони отфрлени апарати, при што јавноста собра уште пет милиони телефони.

– Се проценува дека преостанатите количества метал потребни за производство на сите олимписки и параолимписки медали можат да се извлечат од уредите што веќе се донирани – велат организаторите на ЛОИ и на ПОИ.

Организаторите ќе ги објават дизајните на медалите подоцна годинава.