Станковиќ прв на 4-от младински турнир „Ласкер 2019“

135
Срп­ски­от ша­хист Бо­рис Стан­ко­виќ (1.984 реј­тинг-по­е­ни), е вку­пен по­бед­ник на 4-от мла­дин­ски ме­ѓу­на­ро­ден тур­нир „Ла­скер 2019“, кој се одр­жа во х. „Филип“ во Охрид, во од­лич­на ор­га­ни­за­ци­ја на ШК Ла­скер од Охрид. Во кон­ку­рен­ци­ја на 62 учес­ни­ка (од кои 15 ша­хис­тки) од Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја и од Бу­га­ри­ја, Стан­ко­виќ (14), кој бе­ше и прв фа­во­рит на тур­ни­рот, освои се­дум по­е­ни од исто тол­ку ко­ла, втор бе­ше Ал­ба­не­цот Але­ксан­дар Шем­бу­ла (реј­тинг 1.586) со шест, а трет е Ма­ке­до­не­цот Кон­стан­тин Лу­ше­ски (реј­тинг 1.383) со 5,5 по­е­ни.
 
Учес­ни­ци­те се нат­пре­ва­ру­ваа во ед­на ап­со­лут­на ка­те­го­ри­ја, но беа прог­ла­се­ни и нај­до­бри­те трој­ца по во­зрас­ни ка­те­го­рии (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 го­ди­ни), а прв­пат и нај­до­бри во ка­те­го­ри­ја­та де­вој­чи­ња (Кле­ан Шуг­ја од Ал­ба­ни­ја)
 
Та­ка, нај­до­бри по ка­те­го­рии се: до 8 го­ди­ни Да­ни­ел Поп­за­фи­ров (Бу­га­ри­ја), до 10 год. Ан­дреј Ива­нов (Ма­ке­до­ни­ја), до 12 год. Ан­тон Зла­тков (Ма­ке­до­ни­ја), до 14 год. Бо­рис Стан­ко­виќ (Ср­би­ја), до 16 год. Ја­на Ан­ѓел­ко­ска (Ма­ке­до­ни­јаи до 18 год. Дар­ко Ми­лев (Ма­ке­до­ни­ја).  
 
Г.И.