Се очекува нов скок на Ѓорческа на листите на ВТА

290

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа неделава играше во второто коло во поединечна конкуренција и во четврт-финалето во игра на двојки на турнирот во Романија, со награден фонд од 25.000 долари, и со освоените поени се очекува да напредува на двете листи на ВТА.

Според пресметките до вчера, на специјализираните интернет-страници, Ѓорческа може да напредува за девет места на листата во поединечна конкуренција и да биде околу 438-то место, а во конкуренција на двојки скокот да биде и двојно поголем, до 224-то место.