Серена по пласманот во финалето: Веќе се чувствувам како победник

53
Американката Серена Вилијамс ја победи Анастасија Севастова во два сета и ќе се бори за титулата на Ју Ес Опен. 
 
Таа го пропушти минатогодишниот Гренд слем во Њујорк поради раѓањето на ќерката Олимпија, а по пласманот во финалето изрази благодарност и рече дека веќе се чувствува како победник, без разлика на исходот.
 
– Тоа е навистина неверојатно. Пред една година буквално се борев за мојот живот во болницата по моето раѓање. Секој ден излегувам на теренот и сум толку благодарна што можам да го играм овој спорт. Без разлика што ќе се случи во финалето, јас веќе се чувствувам како победник, рече Серена Вилијамс по мечот.
 
Американката ќе го одигра своето 31-во финале во Гренд слем турнир.