Сензационалната Кенин победи на Австралија опен

160

Софија Кенин го освои Австралија опен во женска конкуренција. Кенин во финалето за два часа и пет минути ја победи Гарбиње Мугуруса од Шпанија со 4/6, 6/2, 6/2. За 21 годишната Американка ова е прва грен-слем титула во кариерата. Мугурса остана на две грен-слем титули во кариерата, Ролан Гарос 2016 и Вимблдон 2017.

Американката и Шпанката одиграа одличен меч на арената „Род Лејвер“. Победата ја однесе тенисерката која помалку грешеше во клучните моменти и која подобро ги користеше брејк шансите.

Решавачкиот момент на мечот се случи во петтиот гем од третиот сет кога Мугуруса не успеа да реализира три врзани брејк топки.

Мугуруса поголемото искуство го искористи само во првиот сет, кога направи брејк во третиот гем. Предноста ја чуваше до осмиот гем кога Американката израмни на 4-4, меѓутоа веќе во наредниот Шпанката возврати со ри-брејк, а потоа го освои сетот.

Кога ја надмина тремата Кенин значително го подигна нивото на играта, играше брилијантно од основната линија и за 33 минути ја прегази Мугуруса во вториот сет и стигна до израмнување.

По слично сценарио се одвиваа настаните и во третиот сет се до опишаниот петти гем. Откако не направи брејк Муругуса потоа во својата игра, момент кој Кенин го искористи и со уште еден брејк стигна до најголемиот успех во кариерата.

Завршната статистика покажува дека Мугуруса направила осум дупли грешки, Кенин ниту една. Американката реализирала пет од шесте брејк топки, додека Шпанката реализирала само две од 12 топки за брејк.

Односот на винери и неизнудени грешки кај Кенин е 28/23, а кај Мугуруса 32/45.